Сервер: Трамп прво ќе ѝ даде дел од Украина на Русија, а потоа ќе ги подели БиХ и Косово

од Milan1
204 прегледи

Анализирајќи што придонесе за овие резултати од изборите во САД и убедливата победа на Доналд Трамп, Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека на тоа влијаеле повеќе фактори, а еден од нив секако е разочарувањето од економијата, особено стапката на инфлација.

Сервер вели дека победата на Трамп има импликации и за Балканот, бидејќи поделбите во Украина ќе бидат преседан за поделби во Косово и Босна и Херцеговина.

Сервер, кој беше гостин на „Ал Џезира Балкан“, зборуваше и за промените во надворешната политика на САД кои би можеле да следат по победата на Трамп.

„Очекувам Трамп да обезбеди уште поголема безусловна поддршка на Израел. Но, мислам дека првата најдраматична промена ќе биде во Украина, каде што ќе се обиде да им даде дел од Украина на Русите за да ги принуди да ја прекинат војната.

„Тоа го најави во предизборната кампања, а можеби и ќе успее во тоа“, вели Сервер.

„Има импликации за Балканот, бидејќи поделбите во Украина ќе бидат преседан за поделбите во Косово и БиХ“, додава тој.

Слични содржини