Поранешниот американски дипломат Даниел Сервер за ДВ вели дека е можно да има санкции против поединци од македонскиот државен врв по одлуката за амнестија на претседателот Иванов.

Дали и какви мерки можат да се очекуваат од ЕУ и САД по острата осуда на потегот на Иванов е прашање на кое ни поранешниот дипломат во моментов нема дефинитивен одговор, но во игра според него се неколку опции.
„Се сомневам дека во Вашингтон или Брисел сега би ги пречекале македонскиот претседател или премиер со црвен тепих“, вели тој.
„Санкции против поединци- забрана за патување, замрзнување имот- се можни, иако не очекувам дека ќе имаат ефект веднаш. Притоа не треба да се заборави дека владејачките партии се уште имаат големо влијание врз јавното мислење (во Македонија, з.н.)“, дополнува тој.
ГДОМ од денеска нема да протестира
Во дел од јавноста во Македонија е силно изразено чувството дека меѓународната заедница, а особено ЕУ предолго ја толерираше кризата во Македонија и критиките дека државата завлегува во авторитарност. Но, Сервер не се согласува со таквите критики.
„Не мислам дека треба да очекувате од меѓународната заедница повеќе да знае или да има поголем интерес за коруптивните пракси, од граѓаните на Македонија. Демократија е систем на самоуправување, а не наметнување од странство“, вели Сервер.
Повеќе ТУКА