Сестрата на Ал Багдади осудена на смрт во Ирак

од desk2
71 прегледи

Судот во ирак соопшти дека на смрт ја осудил сестрата на Абу Омар ал Багдади, поранешниот шеф на Ал Каеда во Ирак, убиен во 2010 година.

Сестрата на терористот, чие име не е соопштено, осудена е на смрт со бесење, наведе судот и додава дека во текот на сослушувањето утврдено е дека таа се приклучила на терористичката оррганизација која пружа логистика и помош во спроведувањето разни кривични дела.

„Таа на судењето призна дека давала пари на вооружени групи во Мосул“, се додава од судот..

Абу Имар ал Багдади беше шеф на Ал Каеда во Ирак, а потоа по спојувањето со други терористички групи го презеде водството на Исламска држав во земјата. Одговорен е за организирање десетици самоубиствени напади во Ирак.

Неговата сопруга е уапсена и осудена на доживотен затвор.

За сега не се знае каде е главниот шеф на ИД, Абу Бакр ал Багдади за кој во неколку наврати е соопштено дека е убиен, а потоа се демантирани тие информации.

Ирачките власти кон крајот на септември соопштија дека војната со џихадистите кои во 2014 година зазедоа големи делови од таа држава и соседна Сирија е завршена.