Сестрата на Фросина за смртта на Теодора: „Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија“

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Сестрата на трагичното починатата Фросина, Росица Кулакова се огласи на социјалните мрежи и ја прокоментира затворската казна за тетовецот кој ја прегази младата Теодора Ристевска. Росица оценува дека „кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија“.

Росица побара правда за Теодора.

-Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело, истакна младата девојка.

Тетовскиот суд го осуди на две години казна затвор Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Тој се појави на вчерашното рочиште, а откако му беше прочитано обвинението, ја призна вината. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за 44-годишниот Пајазити. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали на две години затвор. Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врати предметот на повторно судење.

Пајазити е обвинет за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4, за кој е предвидена затвор од една до пет години.

Ева Ристовска, сестра на Теодора, вчера низ солзи, рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и да и каже да биде задоволна со казната.

Слични содржини