Сестрата на Кејт Мидлтон го очекува своето трето дете (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа, го чека своето трето дете.

Кејт Мидлтон е мајка на принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (4). Нејзината помлада сестра Пипа има две деца – момче, кое е родено во 2018 година и девојче, родено во 2021 година, а сега е објавено дека го чека третото дете.

За оваа добра вест првпат се шпекулираше по појавувањето на Пипа на прославата на платинестиот јубилеј, на кој се слави 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Пипа на јубилејот присуствуваше во зелен фустан со долги ракави и беше забележан  нејзиниот труднички стомак. Некои медиуми објавија дека веста за третата бременост на сестрата на војвотката од Кембриџ била потврдена од повеќе извори.

Слични содржини