Предмет „Бумеранг“: Боки-13 поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска…

од Nikola Popovski

Поранешниот тв водител и осуденик во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 денеска информира дека поднел кривични пријави против повеќе судии, обвнители и екс-функционери, меѓу кои се поранешниот премиер Зоран Заев, поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поранешниот генсек на СДСМ, Александар Кирацовски како и поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Јовановски се појавил во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.

Кривичната операција е наречена „Бумеранг“, обелодени Јовановски.

-Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази кои потекнуваат од мојот телефонски уред кој беше одземен при моето апсење во предметот Рекет. Се работи за кривични дела кои што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, за изборни измани, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавните набавки…, додаде тој во изјава за медиумите.

Тој најави продолжение на предавање на докази, овојпат во писмена форма.

-Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава, додаде осуденикот во „Рекет“.

Јовановски претходно бараше прием исклучиво кај Абази бидејќи, како што рече, единствено нему му верувал. Меѓутоа, од ОЈО ГОКК информираа дека е оформен предмет и е распределен кај друг обвинител бидејќи, како што нагласија од обвинителството, тоа треба да го направат избраните обвинители, а не шефот.

Слични содржини