Сестрата на Ким Јонг Ун ја предупреди Америка!

од Берта Китинска
322 прегледи

Ким Јо Јонг , сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, рече на администрацијата на Бајден вчера дека „подобро е да се воздржат од создавање немири на секој чекор“.

“Ние би сакале да ја искористиме оваа можност да ја предупредиме новата американска администрација. Ако сака да спие мирно во следните четири години, подобро е да се воздржат од создавање немири на секој чекор”, рече Јо, само неколку часа по Белата куќа рече дека Северна Кореја сега не одговара на повиците за разговор.

Заеднички воени вежби

САД и Јужна Кореја во моментов спроведуваат заеднички симулирани воени вежби, а американскиот државен секретар Тони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин слетаа во регионот за да се состанат со јапонски и јужнокорејски колеги, пишува Си-Ен-Ен.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за новинарите вчера изјави дека се обидуваат да стапат во контакт со Северна Кореја, додавајќи дека тие имаат „бројни канали преку кои можат да испраќаат пораки“.

“Нашата цел е секогаш дипломатски преговори, нашата цел е да ја намалиме можноста за ескалација. Но, до денес не добивме никаков одговор”, рече Псаки.

Слични содржини