Сестрата на Османи работи во М-НАВ повеќе од 15 години, министерот обвинува дека темата секогаш се користи пред избори

од Nikola Popovski
331 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информира дека неговата сестра повеќе од 15 години е вработена во М-НАВ. Околу критериумите, им порача на новинарите да прашаат во компанијата.

-Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е пред да станам министер. Оваа тема е користена на сите избори на секои избори во последните 15 години. Веќе 15 години истото објаснување го давам. Очигледно изборите го прават тоа, па ќе играме по тие ноти, одговори Османи на обвинувањата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за семејни врски при вработувањата во М-НАВ. Оттаму посочија низа имиња на роднини на функционери.

После упадот и превирањата во оваа институција, Трудовиот инспекторат влезе да ја провери законитоста на вработувањата. Оттаму посочија дека нема да се занимаваат со роднински врски, туку со стручноста на оние кои се вработиле и дали ги исполниле законските услови за работните места за кои се примени. Инспекторатот ќе ги соопшти наодите најдоцна до следната недела.

Слични содржини