1,1K
Сестрата на повредената Марија Тасева, Лепа, попладнево е пронајдена меѓу загинатите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Ова го објави нејзиниот татко на социјалните мрежи.
Марија претходно сведочеше за трагичниот настан.
-Сите почнаа да трчаат надвор. Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот, изјави Тасева.