Сет Роген утрово ги шокираше гледачите на емисијата „Добро утро Велика Британија“, а водителот на емисијата им се извини на гледачите откако разговараше со него.
Славниот актер гостуваше во една британска емисија во која откри дека пуши трева цел ден, но призна и дека не е љубител на алкохол бидејќи има многу калории и остава мамурлак, меѓу другото.
Роген ја претстави својата автобиографија Yearbook во која тој, меѓудругото, пишува за неговите почетоци како комичар. Канаѓанецот пишува дека својот прв настап го имал на 12-годишна возраст во лезбејски бар благодарение на неговата баба, чии совети никогаш нема да ги заборави.
Тој исто така зборуваше за „cancel“ културата, но исто така призна дека некои од неговите шеги не остареле добро.
Неговото појавување во емисијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина го пофалија, и покрај неговиот јазик за кој водителот им се извини на гледачите во случај да бидат навредени.