Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од 0 до 6 степени.
Во Скопје:Променливо облачно, претпладне со повремен снег и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 1, а дневната ќе достигне до 4 степени.
ИЗМЕРЕНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО 04ч.: -2 Берово, Тополчани и Пожаране, -1 Кр.Паланка, 0 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп Охрид, Тетово, Штип, и Претор, 1 Струмица и Виница, 2 Скопје-З.Рид. .
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Облачно со врнежи од снег во повеќе места и со умерен северен ветер. Во некои подрачја врнежите се престанати.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во недела ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен северен ветер.
Од понеделник следува период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.