Северина на насловната страница на книга на творецот на Алан Форд (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Северина Којиќ денес го слави својот 49-ти роденден, а на Инстаграм откри дека особено ја воодушевиле два подарока. Првиот е оној кој го доби од нејзиниот син Александар, кој, открива пејачката, ѝ подарил цртеж, а вториот е што се нашла на насловната страница на книгата на славниот Макс Бункер, инаку творец на популарниот Алан Форд.

Северина се најде на насловната страница на книгата „Во име на мафијата“ од Лукан Секи, попознат под псевдонимот Макс Бункер. Станува збор за стрип автор, публицист и новинар, творец на светски познати италијански стрипови, од кои најпопуларен е Алан Форд.

Книгата е објавена токму на роденденот на Северина.

Слични содржини