Северина: Одлуката не ја признавам но ја почитувам поради детето

341 прегледи

Во правната битка околу старателството на синот Северина Којиќ го изгуби спорот со Милан Поповиќ. Судијката Теа Голуб донесе привремена мерка и одлучи детето да живее со таткото и тој самостојно да се грижи за здравјето и образованието на детето.

Во интервју за Јутарни Лист, пејачката за прв пат прозбори за новонастанатата ситуација:

– Очекував се, но ова не. Навистина, се плашев, особено по последното рочиште и исчекувањето на одлуката беше најлошо. Но, сега веќе од ништо не ми е страв. Во животот доживеав доста работи поради кои сум се срамела, најчесто поради другите, ретко поради севе. Но, тоа е животот и ова исто така е едно големо искушение кое секако ќе го издржав бидејќи на моето дете му требам таква каква што сум, а тоа е добро, здрава и присебна мајка, без оглед на тоа што пишува во пресудата. Тоа се само некои букви и како што Тито рекол: Не го признавам нивниот суд, но ќе го почитувам. Нема друго решение. Од ништо не се плашам – рекла Северина во интервјуто и повторно ја „нападнала“ судијката Голуб и училиштето во кое одел нејзиниот син, велејќи дека се пристрасни.

– Пред се, јас сум горда на своето дете. Мене не ми треба слава, мене сите ме знаат и тоа подолго од некои други. Јас сум позната, но тоа е поради тоа што го работам она што сакам да го работам. Следниот викенд имам концерт во Арена и мојот син навистина сакаше да биде на тој концерт и се радуваше на тоа кога бевме заедно во Сплит. Таму ќе дојдат многу други деца, но мојот син нема да може – додала пејачката.

Во продолжението на интервјуто тоа рекла дека нејзиниот поранешен партнер не бил присутен во животот на детето првите година дена, а сега ќе го одлгледува.

– Првата година воопшто не ни го виде. Не го слушна неговиот звук, не го виде кога прооде, не сакаше да дојде на крштевката. Кога видов како поклонува инкубатори на други деца, мене тоа ми беше страшно. Тој знаеше дека тоа ме воли. Но, јас направив една одлична работа бидејќи побегнав од таквиот однос – раскажала Северина.

По одлуката, Северина ќе може да го гледа детето два пати во недеата, по пет часа и секој втор викенд. Одлуката не е правосилна.

– Мислам дека имаме аргументи ваквата одлука да не опстане, но како што реков, не ја признавам, но ќе ја почитувам за доброто на своето дете – заклучила Северина.

Слични содржини