Северина Којиќ денес свика прес конференција на која сите очекуваа детали за претстојната турнеја, но таа откри шокантни детали поврзани со нејзиниот син. Имено таа изнесе тешки обвинувања на сметка на основното училиште „Матија Губец“ во Загреб, каде нејзиниот син Александар учи по меѓународна програма.
– Приватно ми се случуват многу тешки работи. Во петокот 11 октомври, во основното школо „Матија Губец“ каде учи мојот син второ одделение се случил инцидент, кога на мојот сопруг Игор, кој честопати уредно со мене го зема детето, му рекле дека не смее да го земе. Тие одбиле да му го дадат детето и го заклучиле во една просторија, па го малтретирале психички и физички и така го држеле два часа – тврди Северина и додава дека директоркаа Лилјана Клингер е договорена со таткото на детето, Милан Поповиќ, детето да го зема исклучиво мајка му, иако според судскиот договор тоа може да го прави и нејзиниот сегашен сопруг Игор Којиќ.
– Јас сум единствената мајка која не може да ја извршува својата работа, ниту да се разболи. До денес никој ми се нема јавено од школото, детето не сака да оди на школо бидејќи го влечеле за раце, рамена и му се заканувале дека ќе го тепаат, и со своето тело му забранувале да излезе од школото. Дури по дава часа дозволиле Игор да го земе детето – вели Северина и додава дека во ова е вмешан градоначалникот на Загреб.
– Наводно, морам да кажам наводно, па вие напишете дека сте слушнале од соседите, Милан Поповиќ ја платил кампањата на Милан Бандиќ, а школото е под градска управа – вели таа.
На овие изјави директорката од школото одбила да даде било каков коментар.