328
Северина Којиќ се враќа на социјалните мрежи по двомесечното криење. Таа на својот Инстаграм профил, со своите следачи, сподели мудрост со која многумина не би се сложиле.
„Образован е оној кој има образ, а богат е оној кој го има Бог во себе“, напишала.
Некои од нејзините фанови се сложија со неа.
„Е Севе моја, многумина тоа не го сфаќаат“, ѝ порачале.
Другите, пак, ѝ замерија поради тоа што не го навела авторот на таа изјава, а трети поради фактот дека покрај изјавата го навела името на модниот бренд кој го рекламира со фотографијата.
„Зошто овде не е потпишан владиката Николај, чија реченица е всушност ова?“