Северна Кореја доби забрана за учество на Зимските олимписки игри во Пекинг

од Nikola Popovski
281 прегледи

Северна Кореја во април објави дека нивниот олимписки тим нема да се појави на Игрите во Токио, а како причина е наведена потребата да се заштитат спортистите од глобалната криза по јавното здравје предизвикана од коронавирусот. Беше јасно дека таквата одлука ќе донесе последици, а пресудата стигна неколку месеци подоцна.

Меѓународниот олимписки комитет официјално ја суспендираше Северна Кореја од Зимските олимписки игри, кои ќе се одржат во Пекинг во февруари 2022 година. Во соопштението се наведува дека Северна Кореја ја прекршила повелбата, со што автоматски се повлекува суспензијата. Останува да видиме колку долго ќе трае, бидејќи може да се продолжи и да не биде поврзана само со Пекинг.

Сепак, спортистите од Северна Кореја кои ќе се квалификуваат за Пекинг, т.е. ќе ја постигнат олимписката норма, би можеле да учествуваат на претстојните Олимписки игри, но под посебни услови, рече претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

Тоа веројатно би значело дека, како спортистите од Русија во Токио, ќе настапат самостојно – дека химната на Северна Кореја нема да се свири и дека спортистите од таа азиска земја нема да настапат под нејзиното знаме.

Северна Кореја имаше 10 претставници на претходните Олимписки игри одржани во 2018 година, ниту еден во Сочи, Русија, додека во 2010 година беше претставена од двајца натпреварувачи во Ванкувер.

Доколку продолжи суспензијата, на спортистите од Северна Кореја може да им биде одбиено учеството на Олимписките игри во Париз во 2024 година, односно на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо во 2026 година, освен ако не одлучат да дејствуваат како независни натпреварувачи, за што сите светски медиуми даваат минимални шанси.

Слични содржини