156
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека неговата земја го завршила развојот на својот прв воен шпионски сателит и им наредил на официјалните лица да го извршат неговото лансирање според планираното, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извештај на државните медиуми во Пјонгјанг.
Тој нагласи дека зајакнувањето на извидувачките капацитети е приоритет за спротивставување на „заканите“ од САД и Јужна Кореја, објави денеска државната агенција КЦНА.
Во декември, Северна Кореја изврши, како што ја нарече важна „последна фаза“ од тестот за шпионски сателит и рече дека ќе ги заврши подготовките за лансирање до април.