Северна Кореја и ураганот „Ирма“ ги уриваат акциите на Вол стрит

од desk2
100 прегледи

На Вол стрит дојде до поголем пад на акциите поради кризата околу Северна Кореја и приближувањето на ураганот Ирма до брегот на САД.


Најмногу паднаа цените на акциите во финансискиот сектор за 2,2 отсто, што е последица на падот на приносот на државните обврзници, затоа што се помалку веројатно е дека американската Централна банка до крајот на годината уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки.

Северна Кореја на пазарот предизвика најголема реакција, барем во текот на последните месеци.
Во сред криза, паѓа склоноста на вложувачите да ризикуваат, а нема ни економски показатели ни зарабтотка на команиите – ништо што би го покренало пазарот, наведуваат економските аналитичари.

Вложувачите се под впечаток од приближувањето на уште една голема бура, откако минатата седмица ураганот Харви го опустоши југот на Тексас.
Новиот ураган Ирма може до крајот на неделата да стигне до Флорида.

Затоа акциите на осигурителните друштва се под притисок во таа сојузна американска држава, пренесуваат финансиските портали.