Северна Кореја испраќа доброволци во Украина? Русија ги расчисти наводите

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Иван Нечајев, објави дека се лажни информациите дека Москва и Пјонгјанг ја разгледуваат можноста да испратат доброволци од Северна Кореја во Украина.

– Обрнавме внимание на голем број објави на Интернет кои беа подигнати од некои блогери, а кои наводно преку дипломатски канали пристигнале од Северна Кореја. Најавите сугерираа Северна Кореја да испрати до 100.000 свои доброволци да учествуваат во специјална операција во Донбас. Во оваа насока, би сакале одговорно да изјавиме дека податоците во објавите се лажни од почеток до крај – рече Нечајев, пренесува „Спутник“.

Нечајев појасни дека нема тековни преговори и дека не се планира испраќање доброволци од Северна Кореја на истокот на Украина.

Тој изјави и дека руската армија и Народната милиција на ДНР и ЛНР „се доволни за успешно извршување на задачите на специјалната воена операција“.

Слични содржини