Северна Кореја: Ким Јонг Ун ја повика армијата да одговори на сите провокации на непријателот

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја повика севернокорејската војска да биде подготвена да одговори на секоја провокација од страна на непријателот, објавија денеска севернокорејските државни медиуми, откако Пјонгјанг објави дека ќе распореди посилни вооружени сили и ново оружје долж границата со Јужна Кореја.

Ким, за време на посетата на командата на воздухопловните сили на Северна Кореја на Денот на воздухопловните сили во четвртокот, претстави насоки за подобрување на борбените способности на војската, објави новинската агенција KCNA.

Ким навел оперативни и тактички мерки за да се спротивстави на, како што рекол , „секаква воена провокација и закана од непријателот веднаш и силно“, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини