Спортистите на Северна Кореја ги одбија скапите телефони, кои бесплатно им беа дадени за учество на Зимските олимписки игри, пренесе Јонхап.
Тие мобилните уреди ќе ги вратат на организаторите, и покрај препораката на МОК да ги користат барем до крајот на игрите во Пјонгчанг.
Мобилните телефони создадоа огромни главоболки за организаторите на Олимпијадата, кои долго време се прашуваа дали поклонувањето на 22 телефони на севернокорејските спортисти нема да ги наруши санкциите на ОН за тргување на луксузни стоки во Северна Кореја. На крајот на краиштата, спортистите добиле такви, но нема да ги користат.
Санкции има и против Иран, но претставници на Министерството за надворешни работи на земјата се пожалија пред МОК и од централата дозволија спортистите од делегацијата да ги добијат мобилните уреди.