Северна Кореја остро реагира на заканите на Трамп

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја И Јон-хо кој во средата пристигна во Њујорк за да учествува во политичката дискусија на Генералното собрание на ОН, остро реагира на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп кој се закани дека целосно ќе ја уништи Северна Кореја во случај на закана за Вашингтон или нејзините сојузници.

“Ако тој смета дека може да не уплаши со ова кучешко лаење, значи тоа е вистински кучешки сон”, рече севернокорејскиот дипломат пред новинарите во Њујорк, соопштува Yonhap.

Агенцијата забележува дека на овој начин првиот дипломат на Северна Кореја направил компарација на говорот на Трамп со корејската варијанта на поговорката “куче лае – карваност си врви”. На корејски изразот “кучешки сон” значи апсурд, недостаток на смисла. На прашањето што мисли за прекарот “Човекот ракета”, кој Трамп го упати кон лидерот Ким Џонг-ун, И Јон-хо саркастично изјави дека ги “сожалува помошниците” на американскиот претседател.

Слични содржини