Северна Кореја побара вакцина против ковид, иако тврди дека нема заразени

од Берта Китинска

Северна Кореја, и покрај тоа што тврди дека нема пријавено случаи на коронавирус, побара вакцина против ковид-19 од глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), што им помага на земјите во развој да го зголемат пристапот до имунизација, објави „Волстрит журнал“.

Сепак, ГАВИ, со седиште во Швајцарија, не издаде изјава за ова прашање.

Во декември минатата година, Алијансата за имунизација објави дека направила аранжмани за пристап до скоро две милијарди дози вакцини за коронавирус во име на 190 економии – 98 земји со високи приходи и 92 економии со ниски и средни приходи.

Алијансата се очекува да испорача 1,3 милијарди дози одобрени вакцини во 2021 година до 92 економии со ниски и средни приходи, квалификувани за глобален пристап до вакцини ковид-19. Алијансата, чиј дел е и Северна Кореја, досега потпиша договор со AstraZeneca за 170 милиони дози и меморандум за разбирање со Johnson & Johnson за 400 милиони дози, пренесува Independent.

Слични содржини