Северна Кореја предупредува дека воените вежби на САД водат кон нуклеарна катастрофа

од desk2

Северна Кореја предупреди дека вежбите на војската на САД и на Јужна Кореја ги водат Корејскиот Полуостров и Североисточна Азија кон „нуклеарна катастрофа“.

Пјонгјанг ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека води „екстремна, антисевернокорејска политика“.

Амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации, Џа Сонг-нам, во писмо до Советот за безбедност на ОН изнесе тврдење дека вежбите кои почнаа на 1 март се „неприкриени нуклеарни воени маневри“, кои би можеле да предизвикаат „вистинска војна“.

– Како последица на тоа, ситуацијата на Корејскиот Полуостров полека повторно се приближува на раб на нуклеарна војна – наведе Џа.

Севернокорејскиот амбасадор во ОН уште еднаш побара Советот за безбедност да расправа за американско-јужнокорејските вежби.

Според него, доколку Советот за безбедност го игнорира ова барање, тоа ќе покаже дека најмоќното тело на ОН е само „политичко оружје“ на САД.

Слични содржини