Северна Кореја тврди дека се придржува до Договорот од Сингапур

од desk2

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска соопшти дека не може да очекува напредок во исполнување на ветувањето за денуклеаризација доколку Вашингтон продолжи да се придржува до „застарените сценарија“, кои пропаднаа.

– Северна Кореја и понатаму сака да се реализира договорот постигнат на историскиот самит во Сингапур на 12 јуни на средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Двајцата лидери ветија дека ќе работат на денуклеаризација на Северна Кореја, но не успеаја да се усогласат како да се исполни таквата цел, додека САД инсистираат дека треба да продолжи притисокот по пат на санкции во текот на преговорите.

Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи тврди дека земјата, покрај останатото, престана со тестирање на ракети и со нуклеарни проби, но САД и понатаму инсистираат дека прво треба да се спроведе денуклеаризација.

Сееврнокорејското МНР наведува и дека Пјонгјанг ги вратил посмртните останки на поединечни американски војници убиени во Корејската војна (1950-1953) во знак на добра волја.

Слични содржини