Северна Македонија вчера комуницираше со НАТО за заканите за експлозивни направи

од Nikola Popovski

Северна Македонија во текот на вчерашниот ден ги информирала НАТО структурите за секојдневните дојави за поставени бомби во земјава. Ова го истакна денеска шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

„Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината“, рече Османи во изјава за Тв 21.

Министерот додаде дека дојавите за бомби во земјава се дел од хибридни закани што се случуваат и во земјите во регионот што, како што рече, било доволна причина за алармирање на НАТО.

Електронски пораки со заканувачка содржина утрово повторно добија повеќе училишта, хотели и институции во Скопје и Битола, како и Меѓународниот аеродром.

Десет училишта во Скопје и пет во Битола добиле закани, како и хотелот „Александар Палас“, хотел „Мериот“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортската сала „Борис Трајковски“.

Проверките во дел од објектите се завршени и се утврдени како лажни дојави.

Слични содржини