Аманда Дори, вршител на должност потсекретар за одбрана на САД, им честита на граѓаните на Северна Македонија една година од пристапот на државата во НАТО, нагласувајќи дека партнерството со Алијансата почнало пред многу години, а се зацврстувало со посветеност и соработка низ годините.
„Вашиот придонес во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и во Косово ја зголеми силата на Алијансата, и ги подобри стабилноста и безбедноста во овие региони. Северна Македонија ја прави НАТО посилна, и САД се горди што ве имаат како сојузник“, рече Дори, цитирана од ВОА.
Таа рече дека уште од 1949 година „НАТО се докажа како најсилна Алијанса во историјата, одржувајќи ги нашите заеднички вредности за демократија, индивидуални слободи, владеење на право, осигурувајќи ја нашата колективна безбедност“.