Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето видео обраќање на Одбранбениот форум 2023, пред присутните истакна дека Северна Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата.
„Денес, Северна Македонија има место на масата на НАТО, рамноправен глас во нашите дискусии и ја ужива целосната заштита на НАТО Алијансата. Неодамна, Северна Македонија се соочи со намерни и континуирани хибридни напади, вклучувајќи закани со бомби и сајбер напади. Но, вие не бевте сами. Експерти на НАТО отидоа во Скопје за да споделат информации и да обезбедат техничка поддршка. Ова е конкретен пример за придобивките од НАТО. Членството, исто така, помага да и се даде на Северна Македонија Стабилност што е основа на економскиот раст и помага да се шири безбедноста во Западен Балкан. Северна Македонија, исто така, ја зголемува безбедноста на нашата Алијанса, придонесувајќи со војници во нашите борбени групи во Бугарија, Латвија и Романија и ги поддржува нашите мисии во Косово и Ирак. Ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање.
На Одбранбениот форум има над 250 присутни, а со свое обраќање во петте панели имаат претставници од Северна Македонија, СР Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји.