187
Ноќта на северот на Косово, кој се уште е блокиран и од граѓаните и од полицијата, помина мирно.
Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, пренесе РТС.
„На барикадите ноќта поминала мирно, а пред полноќ одвреме навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети“, јавува РТС.