Севиља ги распродаде билетите за прошталната церемонија со Хесус Навас

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Севиља објави дека целосно го распродаде „Рамон Санчез Писхуан“ за прошталната церемонија на нивниот легендарен капитен Хесус Навас, кој стави крај на својата славна кариера. Настанот ќе се одржи утре во 17:00 часот по наше време, а сите навивачи ќе можат да му оддадат почит на својот долгогодишен играч.

Последниот натпревар за 39-годишниот Хесус Навас за андалузискиот клуб беше на „Бернабеу“ во поразот од Реал Мадрид со 2:4. Тој играше за Севиља 705 натпревари во сите натпреварувања (516 во Ла Лига), и е играч со најмногу натпревари и трофеи во историјата на клубот.

Хесус Навас со Севиља четири пати ја освојуваше Лига Европа, два пати Купот на кралот и по еден Суперкуп на Европа и по еден шпански Суперкуп, а на сето ова додаде и што постигна со шпанската репрезентација – дури 4 трофеи (светски и двапати европски шампион, како и победник во Лигата на нации).

Слични содржини