Севиља го бара Раул за тренер

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Севиља се обидува да ја ангажира легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес како нов тренер. Во моментов предводник на Андалузијците е Кике Санчез Флорес, но тимот не е особено импресивен и е поблиску до зоната за испаѓање отколку до врвот. Така, иднината на тренерто на „Рамон Санчез Писхуан“ воопшто не е извесна и клубот веќе гледа на негова замена, а Раул е на првото место на листата, според „СЕР Депортивос“.

Во моментов 46-годишниот стручњак работи во академијата на Реал Мадрид, но сега размислува да оди на повисоко ниво и да се обиде да биде на чело на некоја елитна екипа. Тој веќе бил информиран за интересот од Севиља, но до овој момент не бил премногу заинтригиран од тоа, бидејќи се тврди дека негова желба е да преземе тим од странство.

Според информациите, Раул добил предлог од бундеслигаш, иако неговото име не се споменува. Шпанецот ја знае ситуацијата во Германија откако беше во Шалке 04 на крајот од фудбалската кариера. Се чини дека Раул е доста заинтригиран од понудата што му е испратена и речиси сигурно ќе ја прифати. Има шанса и да остане во школата на Реал, но се смета дека таа е мала.

Слични содржини