Севиља се насочи кон Маурицио Сари

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Севиља е уште еден клуб заинтересиран за Маурицио Сари, објави новинарот Алфредо Педула. 65-годишниот италијански стручњак е слободен агент откако неодамна го напушти Лацио.

Тој беше поврзуван и со Њукасл, Нотингем Форест, Наполи, Вест Хем и Фиорентина.

Кике Санчез Флорес моментално е на чело на Севиља. Тој го презеде тимот минатиот декември и има договор за уште една сезона. Сепак, тимот е само 13-ти и нема да игра на европските турнири во претстојната кампања.

Слични содржини