„Сфатив дека нема смисла да се чека“: Ја запроси девојка си на урнатините во Петриња

од Берта Китинска
401 прегледи

Меѓу урнатините пред Здравствениот дом во Петриња, каде за малку ќе го загубеше животот, Деан  Јаданиќ (32) во петокот ја запроси својата девојка Ана Крзнаревиќ (26).

Минатата година имав намера да ја запросам Ана, сето тоа требаше да биде божествено и убаво, исто како што заслужува. Го одбрав местото и го чекав вистинскиот момент, а потоа тоа се случи во 2020 година со сите свои неволји и вирусот, па таа идеја падна во вода – изјави Деан за 24часа.

Тој работи како медицински техничар во Здравствениот дом Петриња веќе тринаесет години, а по последниот земјотрес на 29 декември едвај се спаси. Сега и двајцата волонтираат да им помагаат на жртвите од земјотресот, така што ретко се гледаат поради работа.

– Во четвртокот навечер, разговарајќи со мојот најдобар пријател Марк, решив следниот ден да ја запросам Ана, бидејќи сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е реален – ја продолжува приказната.

Контактирал колега кој има продавница за накит во Сисак и, откако ги слушнал неговите намери, веднаш му ја отворил вратата.

– Немав идеја што се случува. Тој само вечерта ми рече дека сепак треба да одиме во Здравствениот дом да земеме некои работи. Пријатели нè чекаа таму, а Деан се преправаше дека бара нешто на подот. Иако не знаев што бара, барав со него. Потоа во само еден момент тој, клекна на колена, го извади прстенот и тоа беше тоа. Секако дека реков да! – рече Ана.

Слични содржини