Шаќири би прифатил кратење на материјалот за матура

од Nikola Popovski
187 прегледи

Јас сум во редовна комуникација со ученичкиот сојуз и студентите што беа на протест. Денеска имав состанок со директорката на Државниот испитен центар. Ние како МОН ќе ги поддржуваме сите законски основи што може да произлезат од барањата на учениците за дел од материјалот. Мислам дека до крајот на неделата или почетокот на другата ќе имаме конкретен одговор, изјави денеска министерот за образование, Јетон Шаќири во однос на барањата на матурантите за кратење на материјал од државната матура.

Тој додаде дека ќе ги прифатат сите барања што може да се земат во предвид.

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) во петокот одржа протест пред Министерството за образование и наука за да го претстават барањето да се скрати испитниот материјал на полагањето на државната матура или да се намали бројот на интерни испити. На нив им се придружија студенти организирани од движењето „Студентски отпор“ кои ги актуализираа нивните проблеми.

Слични содржини