Мислам дека според податоците што ги имам досега, Државниот испитен центар има организирано неколку состаноци со Сојузот на средношколци. Што досега имам добиено информации, секогаш добиле информација дел од материјалот што е доставен до средношколците е усогласен како е реализирано во претходните учебни години. Сум отворен после најавите за протести, да реализирам состанок со ДИЦ како институција што ги подготува сите фази за реализација на државната матура, изјави министерот за образование, Јетон Шаќири после барањата на средношколците за олеснување при полагањето на државата матура, поради како што тврдат, нецелосната учебна година, пред се поради дојавите за бомби.
Шаќири посочи дека од државната матура зависат многу други процеси во запишување на тие што го завршуваат средното образование во високообразовните установи.
Дел од матурантите вчера излегоа на протест пред МОН со јасно барање да им биде намален материјалот за полагањето на државната матура. На протест ќе излезат и во петок.
-За една до две недели ќе имаме генерално собрание кое ќе се произнесе по ова прашање и Сојузот ќе излезе со официјални барања на средношколците за државната матура, изјави Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци.