Шаќири: И јас се прашувам зошто дојави за бомби има само во државните, а не и во приватните училишта

од Nikola Popovski
181 прегледи

Министерот за образование, Јетон Шаќири денеска информира дека училиштата кои за првпат добиле дојави за бомби, вчера за еден час ги надминале проблемите со апликацијата за онлајн настава „Тимс“.

-Неколку пати сме кажале дека сме против онлајн-настава, но за да не се изгуби во образовниот процес, ја донесовме оваа одлука. Сега ќе ги разгледани и проблемите кои произлегоа и во најбрз можен рок да ги дискутираме проблемите во училиштата со целодневна настава. Ќе видиме со нов предлог за решение, изјави денеска Шаќири.

Околу тоа зошто нема дојави за бомби во приватните училишта, министерот вели дека си го поставува истото прашање.

-И јас се прашувам неколку пати зошто само во државните училишта. Што се однесува до државната матура, Државниот испитен центар ги зема сите други чекори за да се организира успешна државна матура. Матурите ќе се организираат, кажа Шаќири како одговор на новинарско прашање.

Според него, не е лесна одлука сите ученици од средните училишта да се испратат на онлајн-настава.

-Се прават анализи, се гледаат искуствата од другите земји. За тоа да се потврди, треба да го потврдат и органите за безбедност. Не се знаат последиците во другите градови и другите училишта, додаде министерот за образование.

Слични содржини