Шаќири не се кае што го презеде МОН: Ова е ресор со повеќе проблеми

од Nikola Popovski
127 прегледи

Не се каам што станав министер за образование и наука. Знаев дека предизвикот беше голем – ова е ресор каде што има повеќе проблеми и се работи за голем број на вработени. Исто така и опшествената одговорност што ја имаме заради секоја наша одлука што влијае на најмладите, изјави утрово министерот за образование, Јетон Шаќири.

Тој информира дека ќе продолжат дискусиите со учениците и студентите што протестираа минатиот петок пред МОН.

-Матурата е битна и е услов за упис на факултетите и дома и во странство. Побарав од директорката на Државниот испитен центар да ги разгледа барањата и се договоривме да се најде законска можност да им се излезе во пресрет на учениците поради ковид-пандемијата и лажните дојави за бомби, но во рамките на законските можности и да нема влијание врз нивното запишување на факултетите, вели Шаќири во гостувањето на емисијата „Студио 10“.

Министерот исто така најави дека со кредит од Германија, годинава ќе почне реконструкција на студентските денови. Тој информира дека прв на списокот е студентскиот дом „Стив Наумов“, а во студентскиот дом „Пелагонија“ ќе се санираат тоалетите.

Слични содржини