Шабани: Очекуваме наредните денови да се договориме за вакцината на „Синофарм“

од Берта Китинска
271 прегледи

Директорот на Агенцијата за лекови ( МАЛМЕД), Лирим Шабани во гостувањето на 24 Анализа изјави дека вакцините од Србија не одат преку реагистрација, туку преку интервентен увоз.

„Србија бара дозвола да ни ги даде вакцините и да не се бара регистрација, зошто тоа е друга процедура. Тоа ќе оди преку интервентен увоз, чекаме да се потпише договорот и документите од Фајзер да стигнат до Србија и таа да ги достави до нас.Во наредните денови очекуваме да се договориме за вакцината на Синофарм од Кина и го чекаат договор за да видат што ќе побараат, бидејќи од Фајзер имавме дополнителни барања, изјави Шабани.

Слични содржини