328
„Ги почитуваме насоките и препораките на здравствените власти, во изминатиот период. Вработените во градинките и воспитувачките и негувателките, сериозно пристапија кон процесот на вакцинација и можам да објавам дека 59% од вработените во градинките веќе се имунизирани“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на прес-конференција.
Таа верува дека со постојните дописи од ресорното министерство, ќе ги повика и останатите проценти од вработените во градинките да се вакцинираат, за да може да биде безбеден и престојот на децата во установите.