Министерката Јагода Шахпаска го посети брачниот пар Ангелина и Александар Ангелески, во Демир Хисар, кои се корисници на услугата помош и нега во домот на стари лица.
-За семејството веќе два месеци се грижи негувателка која им помага во набавката на лекови и храна, одржување на хигиената во домот, им помага при прошетките и употребата на електронски уреди. Во Демир Хисар услугата помош и нега во домот ја даваат седум негувателки кои се грижат за 21 корисник над 65 години.Новата социјална услуга помош и нега во домот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка и има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно окружување преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот, соопштија од Влада.