439
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на својот фејсбук профил денеска го сподели QR кодот коj директно води до платформата за симнување на македонската верзија на Аудио читачот „Кико”.
– Почитувани помагатели и лични асистенти на лицата со оштетен вид, ова е QR кодот коj директно ве води до платформата за симнување на македонската верзија на Аудио читачот „Кико”. Сè што треба да направите е да го скенирате кодот на телеофните и компјутерите на слепите лица, стои во објавата.