Шахпаска: Mинималната плата ќе расте заедно со економијата

од Берта Китинска
935 прегледи

Во Македонија има тенденција да се зголемува просечната плата, но тој тренд не го следи и минималната плата, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Утрински брифинг.

-Минималната плата расте. Од помалку од 9.000 денари колку што порано земаа текстилните работници, сега минималната плата е 15.000 денари и покрај пандемијата. Ние не се откажуваме од тоа минималната плата да расте. Ќе расте заедно со економијата, вели министерката

Немаме многу информации како стојат работите со странските инвеститори во однос на третманот на работниците, оти не се само платите во прашање кога станува збор за добар третман.

-Ние не гледаме дали е домашен или странски инвеститор. Законите важат за сите, а работниците треба да добиваат плата, одмор и услови за работа. Странците бараат да се работи како и досега и во недела и сменски, но ако земете како треба да се работи во нивните земји, така треба да се почитува и нашиот закон. Каде што има прекршување, има и санкции, вели министерката Шахпаска.

Слични содржини