Шахпаска: Министерството ги почитува правата произлезени од Законот за употреба на јазиците

Министерката за труд и социјална политика, заедно со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илмер Села, разговараа на денешната средба за институционалната примена на јазиците, согласно Законот за употреба на јазиците за државните институции.

МТСП информира дека Села посочил дека поддршка на институциите во реализирањето на обврските согласно Законот за употреба на јазиците, вклучително и лекторирање и преведување, се главна задача и обврска на Агенцијата.

Од друга страна, Шахпанска вели дека Министерството работи во насока на комплетна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во пракса на институционално ниво, според кој покрај употребата на македонскиот јазик како прв службен јазик е и јазикот кој што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.

„Правата на граѓаните кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците се со Закон заштитени, а ние како Министерство кое работи за и во интерес на граѓаните продолжуваме со почитување и реализација на тие права“, вели Шахпаска додавајќи дека тоа е долг и сериозен процес на кој што се работи, со исполнувањена крајната цел, испорачување резултати до граѓаните.

Слични содржини