Шахпаска на средба со чешкиот амбасадор Томан: Чешка е силен поддржувач на нашата земја во евроинтегративниот процес

281 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан.

“Од голема важност е поддршката која Република Чешка ја дава на нашата земја на евроатланскиот пат. Секој реализиран проект, секое споделено искуство, секоја укажана помош е значајна за нас и ни помага во евроинтегративниот процес” истакна министерката Шахпаска.

Покрај билатерланиот договор за социјално осигурување, кој Република Северна Македонија и Чешка Република, го имаат потпишано, а кој опфаќа и уредува права од социјалното осигурување, двете земји соработуваат и на други значајни области како што е заштитата на човековите права, маргинализираните категории на граѓани, зајакнување на социјалниот дијалог, политики за пазарот на труд и вработување.

На средбата се разговараше за искуствата во однос на справувањето со кризата предизвикана од Ковид-19 и начините за полесно надминување на пост кризниот период. Во таа насока од страна на министерката беа посочени петте пакети економска помош од страна на Владата , кои претставуваат помош и поддршка на економијата, компаниите, граѓаните со акцент на најпогодените сектори и категории на граѓани.

Предложени се неколку проекти кои ќе помогнат во дигитализирање на работите во нашата земја и кои ќе помогнат при едукацијата на маргинализираните категории на граѓани.

И двете страни изразија подготвеност за интензивирање на соработка и реализирање на повеќе проекти во областите кои се спаѓаат под ингеренција на Министерството за труд и социјална политика.

Слични содржини