Шахпаска: Неразбирливо е да се наметнува тезата дека пописот е политичко прашање

од Nikola Popovski
135 прегледи

„Пописот е безбедна, елементарна, статистичка операција и неразбирливо е да се наметнува тезата дека тоа е политичко прашање за кое што власта и опозицијата треба да ги вкрстуваат копјата“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа ја истакна важноста од пописот за Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за ранливите категории на лица и фактот дека цели 20 години не се знае точниот број на граѓани чии проблеми се адресираат на овој ресор.

„Важен е бројот на пензионерите, на лицата со попреченост, на децата, за да знаеме точно каде има и колкава е потребата од пензионерски домови, дневни центри, детски градинки и воопшто потребата од социјални услуги и стручен кадар“, посочи Шахпаска.

Слични содржини