Шахпаска: Оддаваме почит на борците кои го ослободија Берово

од Берта Китинска
195 прегледи

„Денес ја славиме победата, 78 години од Денот на ослободувањето на Берово“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 23 Август, Денот на ослобовдувањето на Берово.

Министерката Шахпаска положи свежо цвеќе пред Спомен-плочата на паднатите борци од НОВ од Малешевијата. На свечената седница организирана од Општината Берово, министерката Шахпаска рече дека секое време има свои херои и свои предизвици.

„Оваа година сме соочени со два вонредно тешки предизвици. Прво справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19, една нова светска здравствено-економска криза која сите земји имаат тешкотии добро да ја изменаџираат. Пандемијата сè уште не е завршена и оттука упатувам и апел за важноста од вакцинација како единствена алатка која може да помогне побезбедно да ја премостиме оваа криза. За нас како малешевци постои уште еден предизвик, за жал непредвиден, тоа се сериозните пожари кои оштетија голем дел од Малешевијата. “

Шахпаска посочи дека локолната самоуправа и подружницата на македонски шуми треба што поскоро да почне со пошумување.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски им го честита празникот на беровчани и потсети дека од основањето на градот до ден денеска жителите на Берово секогаш ја покажуваат својата одлучност да се живее слободно и независно.

„Заветот што ни го оставија нашите херои сами да одлучуваме за нашата иднина, за иднината на Берово, за нашата независност, за подобро утре, никогаш не престанува и нема да престане“, рече градоначалникот Пекевски.

Слични содржини