213
Три малолетни дечиња добиваат родителска грижа од згрижувачкото семејство Гошеви. Нивната среќа е очигледна и тоа е најважната цел која ја имавме при донесувањето на социјалната реформа – деинституционализација, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
„Свесни за важноста на згрижувачките семејства, неодамна отворивме два регионални центри за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје и Битола. Во моментов околу 300 згрижувачки семејства во нашата држава се грижат за околу 500 деца“, додава таа.