362
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостувањето во Утрински Брифинг кажа дека пензиите ќе растата и ќе се усогласуваат согласно законот без разлика кој е на власт.
-Ако нешто што треба да генерира задоволство кај граѓаните и институциите тоа е она што сакаме да го испорачаме преку пезинската реформа, а тоа значи дека согласно законот пензиите ќе растата и ќе се усогласуваат и тоа нема да зависи дали е Шахпаска министерка или Чомовски министер или некоја друга владејачка гарнитура.Законот вели дека ако трошоците за живот се зголемат и пензиите ќе се покачат тоа го направиме и во услови на пандемија, кажа Шахпаска.