Шахпаска: Се зголемува бројот на деца кои одат во градинка

од Берта Китинска
200 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека веќе неколку недели има тренд на зголемување на бројот на деца кои одат во градинка.

– Се повеќе деца доаѓаат во градинките и нема потреба од нивно затворање.Не се планирани затварања на градинките. Во последниот неделен извештај што го реферирав на кризен штаб како секој понеделник, имаме тенденција на пад на бројот на новозаразени вработени така и на деца. Ова е тренд која трета седмица тече значи имаме помалку одколку од претходната недела. Поголем е бројот е на деца кои се враќаат во градинките. За една седмица околу 500 деца се вратени од изолација во градинките. Бројот на деца во градинките е повеќе од 10 илјади, односно изнесува 10.150, а беше 9.500, истакна Јагода Шахпаска.

Слични содржини