Усогласени се ставовите на Сојузот на синдикати на Македонија и Министерството за труд и социјална политика, договорите за работа на определено време да не траат подолго од една година бидејќи по овој основ за време на ковид пандемијата ги изгубивме скоро 70 отсто од работните места, а со тоа оставивме голем број работници без основна егзистенција, соопштија денеска на прес-конфереција претседателот на ССМ, Дарко Димовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска.
Димовски вели дека ќе настојуваат ковид заболувањето да се третира како професионална болест, па и во приватните фирми тие што ќе одат во изолација или самоизолација да добиваат 100 отсто од платата, а не 70 како да се на боледување.
Министерката Шахпаска вели дека надоместот за работа во недела за работниците вработени во есенцијалните дејности ќе биде поголем за 50 отсто, а вработените во трговските центри, ќе добијат 100 отсто бидејќи тие не се есенцијална дејност, но анализите покажуваат дека најголем дел од прометот тие го остваруваат во недела.
-За да им излеземе во пресрет ние предвидовме дека сите што ќе работат во моловите ќе работат една смена, од 10 до 18 часот, задолжително да обезбедат додаток на дневницата за 100 проценти, рече Шахпаска.